Финансиска го тресе поранешното раководство на М-НАВ, кривични за ексдиректор и раководител поради спорен тендер

Макфакс

26/05/2025

09:57

1.123

Големина на фонт

а а а

Управата за финансиска полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против В.К – поранешен извршен директор на секторот за воздухопловна техника во воздухопловната навигација М-НАВ поради основи на сомнение за злоупотреба на службена положба, како и против Б. А. во својство на в.д. Раководител на одделение за јавни набавки поради несовсено работење во службата.

В.К. ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што извршил спојување на две сосема различни неспоиви јавни набавки во една, и тоа набавка за изработка на целосно оперативно решение за управување со документи, односно набавка на софтверско решение, со набавка на физичко и електронско архивирање на документи, велат од Финансиската полиција.

Се додава дека тој искористувајќи ја својата службена положба, во текот на 2022 година, спротивно на член 89 од Законот за јавни набавки, изработил технички спецификации и тендерска документација со дискриминирачки и несразмерни услови за квалитативен избор за Јавна набавка за обезбедување и имплементација на целосно оперативно решение за управување со документи со број на оглас 12253/2022. Вметнал услови и критериуми кои доминантно се однесуваат на физичко архивирање на документите и немаат никаква врска со изработка на целосно оперативно решение за управување со документи односно набавка на софтверско решение, што е спротивно на начелото на сразмерност од член 8 и начелото на конкуренција од член 5 од Законот за јавната набавка.

Второпријавената Б. А. како единствено лице кое поседува овластување за водење постапки за јавни набавки, со пропуштање на должен надзор, несовесно постапувала во вршење на своите овластувања и должности на начин што иако била свесна дека така подготвената тендерска документација и техничка спецификација е изготвена спротивно на Законот за јавни набавки, ја објавила на електронскиот системот за јавни набавки со што овозможила спроведување на истата

Со така дефинираните дискриминирачки и несразмерни критериуми за квалитативен избор, намалувајќи ја конкуренцијата, пријавените го оштетиле Буџетот на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје за износ од 1.493.433,00 денари, за кој износ му овозможиле да оствари корист на правното лице Друштво за скенирање, обработка и складирање на документи Контего ДОО Скопје, со кое е склучен договор, соопшти Финансиската полиција.