Новак Ѓоковиќ постигна неверојатни успеси на тениската сцена и ќе ја заврши кариерата со многу рекорди, вклучувајќи го и бројот на освоени грен-слем титули.
Српскиот тенисер и во минатото знаел да се отвори пред новинарите и да открие интересни детали од своето минато, а во интервјуто со Славен Билиќ потврдил дека неговиот татко морал да позајмува пари од криминалци.
Се работи за периодот во кој Ѓоковиќ ја почнувал кариерата и морал да инвестира за патувања и тренери, ситуација во која неговиот татко Срѓан морал да се задолжува кај лихвари.
– Татко ми во тој период одеше кај познати лихвари и криминалци, бидејќи немаше друга опција.
– Тие беа единствените кои во тие моменти даваа пари, – открил Новак, потврдувајќи ја приказната која претходно ја откри и неговиот татко.
Срѓан Ѓоковиќ пред неколку години откри дека во една ситуација позајмил 5000 долари и за истите имал 15 проценти месечна камата.