"Google" од "Gmail" прави чудо: Ви пишува одговори на е-пораки, совршено имитирајќи го вашиот стил

Точка

22/05/2025

19:06

240

Големина на фонт

а а а

На конференцијата "Google I/O", компанијата го претстави својот голем чекор кон подлабока интеграција на вештачката интелигенција во "Gmail". Технолошкиот гигант им ветува на корисниците дека со овие промени ќе трошат помалку време на пишување мејлови, а ќе имаат повеќе време за – буквално сè друго.

Со помош на "Gemini", водечкиот "AI" модел на "Google", "Gmail" преминува од улога на помошник во вистински партнер за пишување, закажување и управување со е-поштата.

Што сè доаѓа во "Gmail" летово

Персонализирани паметни одговори

На конференцијата "Google I/O 2025" за програмери, извршниот директор на "Google", Сундар Пичај, најави дека новата "Gmail" апликација ќе добие функција наречена "Personalized Smart Replies" (персонализирани паметни одговори).

Идејата зад оваа функција е дека, со дозвола од корисникот, "Gemini" ќе може да ги прегледува старите е-пораки и документи на "Google" за да помогне при составување одговори на лични и деловни пораки.

„Се префрламе од фаза во која "AI" е генерално корисен, во фаза каде што е корисен токму за вас“, вели Барнс.

Можно е голем број луѓе да почнат да ја користат оваа функција – Барнс не откри точно колку корисници веќе користат паметни одговори, но тврди дека тоа го прави „прилично голем број луѓе“. Сепак, како и со секој "AI"-генериран текст, важно е корисниците да го проверат одговорот пред да го испратат – би било непријатно ако функцијата погреши некој важен факт во порака што ја праќате на шефот.

Паметните одговори најпрво ќе бидат достапни на англиски јазик, на веб, "iOS" и "Android", а во јули ќе бидат лансирани како алфа верзија преку програмата "Google Labs". Се очекува поширока достапност во третиот квартал од годинава. Сепак, овие напредни функции ќе бидат дел од платените "Workspace" пакети и "Google One AI Premium" претплатата. Со тек на време, можно е функцијата да стане достапна и за бесплатните корисници на "Workspace", додава Барнс.


Што друго е ново?

На "I/O" конференцијата, "Google" најави и дополнителни новини за "Gmail". "Gemini" ќе може да ви помогне во управување со "inbox"-от, на пример, со бришење на непрочитани пораки од одредени испраќачи преку функцијата инбокс чистење (Inbox Cleanup), која ќе биде достапна во третиот квартал.

Кога се обидувате да закажете состанок, "Gmail" со помош на "Gemini" ќе предлага термини базирани на вашиот календар. И оваа функција ќе биде достапна во третиот квартал.

"Google" најави и новини за другите "Workspace" производи, вклучувајќи превод на говор во "Google Meet", "AI"-аватари во "Google Vids", како и можност "Gemini" да извлекува информации од поврзани документи во "Google Docs" кога ви помага при пишување.