Нема повеќе мака – нема да сакаат да излезат од автомобилот!
"Honda" претстави револуционерна технологија која ќе ги израдува сите сопственици на мачки. Новите седишта под името „Catnip Car Seats“ се дизајнирани така што дури и најупорните мачки ќе ја засакаат возењето во автомобил.
Како што знае секој сопственик на мачка, возењето миленик во автомобил често се претвора во вистински кошмар: гребењето и постојаното мјаукање се само дел од проблемот. "Honda" реши да стави крај на тоа со иновативно решение, пишува "Index".
Седиштата содржат вграден материјал со мачја трева (catnip), која има смирувачки и релаксирачки ефект врз мачките за време на возењето.
Според луѓето од "Honda", единствен предизвик кој можат да го имаат сопствениците е – да ја натераат мачката да излезе од автомобилот кога ќе стигнат на дестинацијата.
Компатибилни со сите модели
„Honda со години работи на тоа нашите возила да бидат пријателски за домашните миленици, а оваа иновација покажува дека навистина ништо не е невозможно кога сакаме да ги направиме среќни нашите влакнести сопатници“, изјави Ени Мол, директорка на "Hondа" одделот за производи за миленици.
Новите седишта се достапни од минатиот месец и може да се вградат во сите модели на "Honda" – од малиот "Jazz" до големиот "SUV" "CR-V".
Се нудат во верзии од ткаенина и кожа, и подеднакво се удобни и за луѓе.
"Honda" не застанува тука
Седиштата "Catnip Car Seats" се најновиот производ во серијата на "Honda" наменета за домашни миленици.
Меѓу претходните иновации се истакнуваат предните седишта „Pet Co-Pilot“ и безжичниот систем активиран со движење на миленикот – „PAW-S“ (Pet-Activated Wireless System).
Во подготовка се и нови производи специјално за мачки: менувач кој служи како гребалка, анимиран аквариум во инфотејнмент системот и преграда за ракавици со дозер за клопче волна.