Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, се појави на Канскиот филмски фестивал носејќи маица со имињата на 4.986 деца убиени во Газа. На задната страна од неговата маица пишуваше „Стоп Израел“.
Тој пристигна во Кан за премиерата на документарниот филм „The Six Billion Dollar Man“ за неговиот живот. Режисерот е Еуген Јарецки, а беше прикажан како дел од специјалната програма.
Меѓутоа Асанж не беше расположен за разговор со присутните новинари. Неговата сопруга Стела Асанж изјави: „Тој ќе проговори кога ќе биде подготвен“. Таа исто така рече дека уживаат во природата околу нивниот дом во Австралија.
„Џулијан поминува време во природа. Отсекогаш го сакал тоа. Навистина закрепна физички и ментално“, изјави таа за АФП.
Инаку Асанж беше ослободен од британски затвор во јуни минатата година по спогодбата за признавање на вина со американската влада за работата на Викиликс во објавувањето на строго доверливи воени и дипломатски информации.
Тој помина пет години зад решетки борејќи се против екстрадиција од Велика Британија, а седум години се криеше во еквадорската амбасада во Лондон, каде што побара политички азил.