Педро Паскал стекна глобална популарност благодарение на улогата на Џоел Милер во телевизиската адаптација на „The Last of Us“.
Верната адаптација на популарната видео-игра освои милиони гледачи, а Паскал заработи и номинација за Еми за најдобар актер во драмска серија во 2023 година.
Втората сезона од оваа многу популарна серија на „HBO Max“ премиерно се прикажа на 13 април, а снимката од забавата на актерите по повод крајот на снимањето сега стана вирално на социјалните мрежи.
Снимката предизвика вистинска бура на социјалните мрежи поради провокативниот потег што го направил 50-годишниот актер на забавата.
Имено снимката го прикажува Паскал во диџејската кабина, до непознат маж, како држи светлечко стапче во боите на виножитото. Додека се препушта на ритамот на музиката, тој го зема стапчето и почнува да го лиже, задевајќи се со публиката што ја видела сцената. Виралниот момент предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
The Last of Pedro 🥺 pic.twitter.com/iOQRVjxOuu
— Pedro Pascal Daily (@pascalarchive) May 19, 2025
„Мора да престане, копнежот станува неподнослив“, „Тој секогаш го прави истото движење со колковите хехе. Лижењето беше … уникатно“, „Можеш да го извадиш момчето од го-го танцот, но не и го-го танцот од момчето“, напишаа тие.