Марковска-Илиевска: Арсовска помина цел мандат во изговори поради својата неспособност

Макфакс

21/05/2025

13:16

107

Големина на фонт

а а а

На денешната седница на Советот на Град Скопје се обрати советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска која на самиот почеток истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи одлуката за промена на средствата во буџетот, платите и придонесите за вработените во противпожарникарната единица.

„Ја поздравувам предлог одлуката за измена на распоредот на средства во буџетот на Град Скопје за 2025 година, особено за ставките плати и придонеси за вработените во противпожарната единица и градот Скопје. Сведоци сме на недостатокот на пожарникари и проблемите при извршување на работните задачи, па со оваа одлука ќе се овозможи вработување на нови пожарникари, кој број беше до сега преполовен од потребниот и пожарна Скопје, се надевам, ќе биде на ниво коешто доликува и од помош на Скопјани, па и пошироко“, истакна Марковска Илиевска.

Советничката се обрати до градоначалничката Арсовска и посочи да престане да манипулира со јавноста и прстот, заради нејзината неспособност, да го вперува кон ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа, од тука апелирам Арсовска да престане да манипулира со јавноста и со вработените велејќи им дека ВМРО-ДПМНЕ опструира, не гласа одлуки бидејќи помина цел мандат во изговори заради неспособноста да се справи со предизвиците и сеуште продолжува, за жал. Скопјани, бидете спокојни, следува обнова на Скопје од капитални до локални решенија а ова раководство ќе остане запамтено во историјата како најнеспособното“, рече Марковска Илиевска.