Tрајко Славески е предлогот на Сиљановска-Давкова за гувернер на Народна банка

Макфакс

21/05/2025

20:34

320

Големина на фонт

а а а

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за гувернер на Народната банка.

Од нејзиниот кабинет велат дека при несувањето на одлуката, претседателката се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

Се додава и дека изборот бил тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати.

Трајко Славески е актуелен претседавач со Советот на Град Скопје.