[ВИДЕО] Чуварите во Костарика фатиле мачка која во затвор внесувала пакети со дрога: „Шверцувала“ кокаин и марихуана

Точка

20/05/2025

15:33

918

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници во затвор во Костарика фатија мачка со две пакети со дрога на неа.

Министерството за правда на Костарика соопшти дека станува збор за 235,65 грама марихуана и 67,76 грама хероин. Пакетите со наркотици беа отстранети од телото на животното и конфискувани.

„Наркомачката“, како што ја нарекуваат локалните медиуми, е згрижена и направен ѝ е лекарски преглед.

Ова се случило на 6 мај, а Министерството за правда објави видео на кое се гледа како мачката е забележана и фатена.