Професор по психологија од „Јејл“ тврди дека ова е врвот на емоционаланата интелигенција во односите со токсичните личности: Ќе бидат поразени без ниту еден збор

Точка

25/11/2026

09:06

336

Големина на фонт

а а а

Марк Брекет, основач и директор на Центарот за емоционална интелигенција во рамките на Универзитетот „Јејл“, неодамна гостувал во популарниот поткаст „Relearn with Kash“, зборувајќи за тоа како емоциите ги обликуваат нашите односи. Посебно внимание посветил на темата на токсичните луѓе и како да се справиме со нив, но и како да им поставиме граници.

Емоционалната интелигенција е еден од најсилните адути на човекот во воспоставување цврсти и здрави меѓучовечки односи, но и нашето главно оружје кога се справуваме со негативни личности. Со една изјава во споменатиот поткаст, Берекет „крена“ прашина давајќи прилично неочекуван совет за тоа како да се постапува со токсични личности.

„Најмногу емоционално интелигентното нешто што можете да го направите во однос со токсична личност е да бидете груби кон неа“, истакна Брекет.

Грубост – не, цврстина – да

Грубоста во идејата на Брекет не подразбира суровост или спуштање на нивото на токсична личност, туку става акцент на поставување јасни граници, регулирање на емоциите и повлекување од ситуацијата.


Важно е да се сфати дека да се биде емоционално интелигентен не значи да се биде претерано љубезен, пасивен или да се трпи лошо однесување. Токму спротивно; емоционално интелигентните луѓе се во состојба директно и цврсто да се заложат за себе. Тие умеат на другите јасно да им стават до знаење дека со нив не може да се разговара на дрзок начин, а притоа да не станат навредливи или насилни.

Наместо оправдување, напуштете ја интеракцијата со токсичната личност

Кога ќе ве нападне токсична личност, инстинктот на повеќето луѓе е да се бранат и да се оправдуваат. „Расправањето и возвраќањето е токму она што токсичната личност го сака“, истакна Брекет и советува сосема поинаков пристап – едноставно напуштање на токсичната интеракција или одбивање да се учествува во неа. Така ќе си го зачувате мирот, а другата страна ќе остане без публика.


Клучниот пристап на овој експерт е соочување со тешките интеракции, а последично и со емоциите, пред сè вклучувајќи препознавање на тоа што го чувствувате пред всушност да реагирате. Откако еднаш ќе успеете да препознаете што чувствувате, конечно имате можност да изберете што ќе направите со тоа чувство.

Следниот чекор е да направите пауза – кога ќе почувствувате силна емоционална вознемиреност, застанете. Тоа ќе ви овозможи свесно да ги изберете својот одговор, наместо да бидете вовлечени во расправија. На крајот, однесувајте се како „научник за емоции“. Набљудувајте ги емоциите како информации, наместо да се осудувате себеси и да дозволите некој да ве вклучи во ескалација на конфликт што самиот го предизвикал.