Пеп вели дека само еден човек е подобар додавач од Де Брујне

Макфакс

20/05/2025

14:15

1.392

Големина на фонт

а а а

Манчестер сити ќе одигра важен натпревар за место во Лигата на шампионите, во 21:00 часот го пречекува Борнмут.

И покрај важноста на натпреварот, една од главните теми на прес-конференцијата беше неизбежното заминување на клупската легенда Кевин де Брујне.

„Постојат играчи за кои е навистина, навистина тешо да се најде замена. Од многу, многу причини. Да, го знаеме тоа. Но, сезоната што ја имавме е таква каква што е. И не можеме да го негираме тоа. И, секако, мора да продолжиме понатаму“, рече тренерот Пеп Гвардиола.

Новинарите го прашаа дали Белгиецот е човекот со најдобрите додавања што ги видел.

„Реков дека (Лионел) Меси е најдобриот (додавач) што сум го видел. Бидејќи Меси го правеше тоа многу блиску до голот. Но, Кевин е рамо до рамо со него. Само погледнете ја статистиката, головите и асистенциите во последната третина од теренот. Тој талент. Минатиот натпревар, повторно добивме две или три додавања од него каде што играчот беше еден на еден со голманот. Тоа е уникатно. Затоа тој е еден од најдобрите играчи што ги имал овој клуб во целата историја“.

Последниот натпревар во Премиер лигата, кој ќе биде и последен за Де Брујне во дресот на „граѓаните“, ќе биде во недела против Фулам.