Спортскиот директор на Јуве чека реакција од најзначајното летно засилување: Ќе мора да ја покаже својата вредност

Дерби

20/05/2025

13:50

568

Големина на фонт

а а а

Јувентус полека се подготвува за завршното коло во турбулентната сезона во италијанскиот фудбал, кампања која донесе и тренерска смена на кормилото на клубот од Торино.

Проектот Тиаго Мота заврши неславно во ситуација кога тимот почна да виси и за настап во Лигата на шампиони, а во ситуација кога Игор Тудор е на чекор од остварување на главната цел, сите во клубот со нетрпение го чекаат натпреварот против Венеција во завршната рунда.

– Постои голема глад да се пласираме во Лигата на шампионите и тоа е гаранција за добра сезона догодина. Важно е да го направиме финалниот исчекор за остварување на целта. Направивме многу промени, го подмладивме тимот, но сакаме да играме во Лигата на шампиони. Планираме неколку засилувања за тимот во текот на ова лето и сакаме да продолжиме напред, – вели Кристијано Џунтоли, спортскиот директор на Јувентус.

„Старата дама“ донесе голем број фудбалери минатото лето и добар дел од нив не ги оправдаа очекувањата, но се чини дека посебно разочара Теун Копмајнерс кој претходно беше главна ѕвезда во Аталанта.

– Копмајнерс имаше тешка прва сезона, пред се поради отсуствата и повредите. За мене тој и натаму останува фантастичен играч. Ќе мора да ја покаже својата вредност во втората сезона, но сигурен сум дека ќе го направи тоа, – додава Џунтоли.