Манчестер Јунајтед се подготвува за големото финале во Лига Европа кое се игра утре во Билбао, но во најавите за англискиот спектакл против Тотенхем, изјавите имаат и една поинаква конотација, особено поради разочарувачката сезона на двата клуба.
Јунајтед ќе претрпи огромни промени без оглед на тоа дали ќе биде осовен трофеј, или не во утрешното финале, а Вејн Руни смета дека ремонтот во првиот тим треба да почне од три позиции на теренот.
Најдобриот голгетер во историјата на клубот вели дека Јунајтед треба да размислува на сензационално враќање на Давид Де Хеа, но да ангажира и двајца играчи кои ќе бидат гаранција во нападот и одбраната.
– Јас би го купил и би го вратил Де Хеа назад во Јунајтед. Тој има 34 години и покажа дека може да игра на врвно ниво. Се виде дека му недостасува таков голман на Јунајтед и би било неверојатно да се врати.
– Вториот играч кој би го купил е Виктор Осимен како „деветка“ за овој Јунајтед. Тој е добар напаѓач и е достапен на трансфер пазарот.
– Третиот играч кој би го купил е Марк Гуехи од Кристал Палас. Тоа би можело да биде тешка операција бидејќи е капитен, но би се обидел да го купам од Кристал Палас. Остави многу добар впечаток како цврст и стабилен стопер, – вели Руни за „Амазон прајм“.