[ВИДЕО] Дензел Вашингтон ги загуби нервите на црвениот килим во Кан – Се скара со фотограф

Точка

20/05/2025

23:08

2.235

Големина на фонт

а а а

Оскаровецот Дензел Вашингтон се најде во центарот на вниманието откако се скара со фотограф на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал. Инаку Дензел пристигна на фестивалот за премиерата на неговиот нов филм „Highest 2 Lowest“.

70-годишниот Дензел разговарал со колегата АСАП Роки додека низа фотографи ги повикуваа. Според очевидци, еден фотограф сакал да го привлече вниманието на Дензел па го зграпчил за рака, но тоа го изнервирало Дензел. Актерот се свртел кон фотографот и го предупредил да престане.

Фотографот, како што може да се забележи на снимката која стана вирална на социјалните мрежи, се смешкал и повторно посегнал по раката на актерот, но Дензел нагло му ја повлекол раката и повторил: „Престани“ и бил видливо вознемирен.

Оваа непријатна ситуација на црвениот килим не ја спречи ѕвездата да слави на филмскиот фестивал. Имено Дензел, режисерот Спајк Ли и АСАП Роки добија стоечки овации за нивната работа во филмот, што е прва соработка на Дензел и Спајк по речиси 20 години.

Доби почесна Златна палма

Дензел беше трогнат од изненадувачкото доделување на почесната Златна палма, највисоката награда на фестивалот. „Ова е целосно изненадување за мене, па затоа сум малку емотивен, но им се заблагодарувам на сите од дното на моето срце. Ова беше одлична можност повторно да соработувам со мојот брат, мојот брат од друга мајка, Спајк“, рече Дензел.


„Ние сме многу привилегирана група во оваа просторија бидејќи можеме да снимаме филмови, да носиме смокинзи и убава облека, да се дотеруваме и да бидеме платени за тоа. Едноставно сме благословени“, додаде тој.


Инаку филмот „Highest 2 Lowest“ е реинтерпретација на познатиот трилер на јапонскиот режисер Акира Куросава „High and Low“ од 1963 година, но сместен на модерните улици на Њујорк. Заедно со Дензел и АСАП Роки, во филмот глумат и Џефри Рајт и Ајс Спајс. Филмот ќе биде прикажан во кината на 22 август, а ќе биде достапен на стриминг платформата „Apple TV+“ од 5 септември.