Навивачите на Рома во неделата му посветија емотивен транспарент на Клаудио Раниери и кореографијата на главната трибина беше во чест на искусниот фудбалски стручњак, кој после една сезона во која го препороди тимот, сепак донесе одлука да се повлече и повторно да замине во пензија.
Легендарниот Раниери планира да остане советник на Рома по крајот на оваа сезона и всушност тој има јасни задолженија во пронаоѓањето на новиот тренер, а последната вест која пристигнува од Италија е навистина сензационална.
Рома се поврзуваше со неколку имиња во изминатите неколку месеци, но сега реномираната „Ла Стампа“ информира дека семејството Фридкин во неделата постигнало договор со еден од најелитните менаџери кои се слободни во светот.
🚨 BREAKING NEWS: Jurgen Klopp has agreed to take over AS Roma next season replacing Claudio Ranieri, according to a report from La Stampa in Italy. The outlet claims Klopp said "Yes" on Sunday night.
— DaveOCKOP (@DaveOCKOP) May 20, 2025
The reports states: “The choice was made some time ago but the person in… pic.twitter.com/bT8MHKRVvG
Според информациите на медиумот, Јирген Клоп му кажал „Да“ на Дан Фридкин на средбата која се одржала на крајот на изминатиот викенд, односно прифатил да биде лидер на возбудлив проект во кој ќе има и доста промени во играчкиот кадар.
„Ла Стампа“ информира дека договорот меѓу двете страни е веќе постигнат и дека Германецот е подготвен да се врати на клупата како тренер, особено откако сфатил дека му недостасуваат секојдневните обврски во фудбалот и тренинзите со фудбалерите.
Клоп веќе некое време ја извршува функцијата на глобален директор за фудбал на групацијата „Ред Бул“, но во последно време се погласни се шпекулациите дека ќе се врати на старите навики и дека набрзо ќе се впушти во нов тренерски предизвик, што според Италијанците е Рома.
Пред само два месеци, Јирген мораше да ги демантира информациите кои сензационално го поврзуваа со Реал Мадрид и Бразил, а дали ќе биде така и овојпат останува да видиме.