[ФОТО] Меган Маркл објави досега невидени фотографии со Хари, а по повод годишнината од бракот

Точка

20/05/2025

08:37

1.356

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл и принцот Хари вчера ја прославија седмата годишнина од бракот. По овој повод, Меган му посвети трогателна објава на својот сопруг на Инстаграм.

„Седум години брак, цел живот полн со приказни. Ви благодариме на сите вас (без разлика дали сте со нас или нè следите од далеку) што нè поддржувавте и нè сакавте низ целата наша љубовна приказна – ви благодариме. Среќна годишнина!“, напиша војвотката од Сасекс.


Таа објави и фотографија од ѕидна табла на која закачила фотографии со својот сопруг кои никогаш порано не биле видени.

Ги опиша брачните несогласувања

Потсетуваме, кон крајот на април, во поткаст со Џејми Керн Лима, Меган призна дека имало несогласувања во нејзиниот брак со Хари. „На почетокот, сè е прекрасно и имаш пеперутки во стомакот, но потоа почнавме многу брзо да се караме. Сè почна да се случува од нигде никаде, по околу шест месеци врска“, коментираше таа.


Таа, исто така, истакна дека работите се поинакви по седум години брак, велејќи дека двајцата сега имаат малку „простор за дишење“. „Можеме да уживаме еден во друг на нов начин и затоа чувствувам дека периодот на меден месец повторно дојде за нас“, заклучи Маркл.


Од друга страна се појавија тврдења дека Хари наводно „не е премногу среќен“ што Меган ги користи нивните деца, принцот Арчи (6) и принцезата Лилибет (3) за промоција на брендот „As Ever“. Кралскиот уредник на британскиот „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека сопружниците не се усогласени кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца на социјалните мрежи.