[ФОТО] Унапредениот "XPeng P7": Вештачката интелигенција „пука“ на сите страни

Точка

19/05/2025

19:42

403

Големина на фонт

а а а

Кинеската компанија за електрични возила "XPeng" ја претстави најновата верзија на својот спортски седан "P7", кој се смета за ривал на "Porsche Taycan".

Компанијата ја опишува втората генерација на "P7" како „повеќе од автомобил“, односно како нивен „одговор на ерата на вештачката интелигенција, и по форма и по функција“.

"XPeng P7" се промовира како пример за тоа како "AI" може целосно да го редефинира концептот на луксузен автомобил. Иако техничките детали допрва ќе бидат објавени, претходниот модел "P7" беше опишан како „првото возило во светот дефинирано од вештачка интелигенција“, со напредни автономни функции инспирирани од „човечко однесување“ и „паметен кокпит“ со конверзациски гласовен асистент и брза обработка на податоци, пренесе "Autocar".


Се очекува најновата генерација да ги надгради овие карактеристики и да воведе уште попаметни технологии кои ќе му помогнат на "P7" да се истакне на сè поконкурентниот кинески пазар на луксузни лимузини – каде што се соочува со модели како "Avatr 12", "Nio ET9" и "Luxeed S7".

Првите фотографии покажуваат дека дизајнот на "P7" е драматично еволуиран под водство на дизајнерот Рафик Фераг, што би можело да навести и нова визуелна насока за овој 11-годишен кинески бренд.


„Со оваа нова генерација почнавме да замислуваме чисто електричен спортски седан кој ќе импресионира од секој агол. Овој автомобил е наш сон – прочистен низ безброј итерации. Во моите очи, целосно новиот "XPeng P7" е уметничко дело, обликувано со емоции и цел“, изјави Фераг.

"XPeng" најави дека наскоро ќе објави повеќе детали за "P7", но сè уште не откри дали возилото ќе се продава надвор од Кина.