Уникатна сцена: Ханси Флик ги презема работите во свои раце откако само еден играч на Барса го испочитува неговото барање

Дерби

16/05/2025

12:00

313

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик успеа да ги комплетира сите три трофеи на домашно тло и вчеравечер ја завери и титулата во Ла Лига, откако претходно неговиот тим излезе како најдобар и во шпанскиот Суперкуп и во Копа дел Реј.

Сезона со три освоени трофеи не можеше да замислат ниту најоптимистичните фанови на клубот во месец август, но Германецот го направи „невозможното“ и од раштиманата Барселона направи една извонредна офанзивна машинерија, која на крајот доминантно исчекори кон трофејот во Ла Лига.

Барса ја враќа титулата во Каталонија и тоа математички го осигура во дуел со градскиот ривал Еспањол, па иако беше најавено дека ќе нема славје на теренот, огромен дел од играчите не го испочитуваа тоа.

Ламин Јамал беше единствениот играч на Барселона кој го испочитува барањето на Ханси и веднаш се упати кон соблекувалната, додека останатите почнаа да ја слават освоената титула во ситуација кога организаторот на мечот ги пушти и прскалките за да ја расипе атмосферата.

Ханси со јасни гестикулации бараше од своите играчи да покажат почит кон Еспањол и да не слават на теренот на лутиот ривал, а откако виде дека реакциите не носат резултат, ги презема работите во свои раце и почна да ги турка фудбалерите кон соблекувалната.

Видеото погледнете го ТУКА.