Приклучувањето кон Европската унија е повеќе маратон отколку спринт, ве охрабрувам да останете на овој пат да продолжите со реформите, зацврстувањето на владеењето на правото, битката со корупцијата, рече претседателот на европскиот совет Антонио Кошта на заедничакта прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски.
Тој посочи дека договорот направен во 2022 година мора да се реализира за Македонја да продолжи на патот кон ЕУ.
– Да се испорача тоа што беше договорено во 2022, знаме колку е тоа тешко. Македонија направи големи напори за да оди напред во приклучувањето кон ЕУ. Мицкоски може да смета на мене и на ЕУ, ја посетив Бугарија, јасно е што е договорено, нема што веќе да договараме и сега треба да го испрачуваме договореното.
Кошта вели дека нема потреба од план Б за решавање на проблемот со нашето интегрирање во ЕУ.
– Не треба да го потценува планот А и треба да се фокусираме на неговто остварување, знаеме што беше договорено во 2022 и тоа мора да се реализира. Разбирам што зборува премиерот дека го сменивте знамето, веќе еднаш уставот и сега ви треба гаранција дека веќе нема да има нови барања. Не не е потребен план Б, само треба да го реализираме планот А, потенцираше Кошта.
Премиерот мицкоски пак рече дека ставот на оваа влада е дека уставот не може да го менуваме безброј пати. Потсети дека Догворот со Бугарија го потпиша претходната влада, а дека тие и тогаш и сега не се согласуваат со тоа билатералните прашања да бидат внесени во преговарачката рамка.
– Никој нема проблем во земјава да ги ставиме Хрватите, словенците во уставот, дури и Португалци и Шпанци, ние немаме пролем со луѓето. Но во овој случај имаме проблем, ако едната страна псотојано прави отстапки, а другата не не може да се оди напред. Очекуваме ова да е двонасочна улица, ние нправивме многу отстапки, за сите патот е тежок, но за нас е најтежок. Оваа порака ја слушаме долго време и ќе продолжиме да ја слушаме, го имаме истиот став. Никогаш нема да го прифатам то што го потпиша претходната влада, не можам да излезам пред граѓаните и да им кажам дека уставот ќе биде семет, а Бугарија да не ги имплементира пресудите на Европскиот суд. Кога ќе имаме чиста позиција од ЕУ и од сите членки во врска со идентитетот и јазикот тогаш ќе разговараме за се. Дали некој се прашува зошто Македонците не се бунат за Хрватите и Словенците да влзат во уставот, имаат проблем само со внесувањето на Бугарите, рече Мицкоски.