По сите тие „лапсуси“ на српски, луѓето сега ја слушнаа Ана Брнабиќ како зборува на англиски – и ништо не им е јасно.
„Лача мати“ можеби е нејзиниот најголем хит на српски јазик, но не можеше да се „скрие“ ниту нејзиното познавање на англискиот јазик. Посебно со оглед на функцијата, и податоците од нејзината официјална биографија, според кои таа студиите ги завршила во Мичиген, по што се стекнала со МБА диплома по маркетинг на Универзитетот Хал во Англија … Сето тоа сега е ставено под „наводно“, бидејќи колекцијата дискутабилни изјави на Ана Брнабиќ добива нова димензија со делови од нејзиното обраќање на англиски јазик, каде што покажала дека ниту тој не ѝ е силна страна.
„На кој јазик наводно завршила факултет во САД, затоа што овој на кој зборува дефинитивно не!?“, се прашуваат луѓето врз основа на видеото кое кружи на социјалните мрежи.
На ком је језику Ана Брнабић наводно завршила неки факултет у САД-у јер на овом који прича сигурно није ❓🤡 pic.twitter.com/aQ0Z0MA5UV
— Слободан Илић (@slobodanilic78) May 13, 2025
„Мислам дека подобро ги разбирам Клингонците“, „Таа од хартија чита англиски напишан на кирилица“, „Како што го „зборува“, така и го завршила“, не престануваат коментарите.
Потоа следеле неизбежни споредби со Ивица Дачиќ (поради англискиот јазик) и Тома Николиќ (поради „наводно завршениот факултет“), но и изјавата дека „со оглед на начинот на кој зборува, нејзиниот српско англиски јазик воопшто не е лош“ и дека „можеби подобро зборува кинески“.
„Таа, бре, треба да молчи на сите јазици“, е еден од заклучоците.