Интер влегува во жестока завршница на сезоната, во која има бод негатива на две кола до крајот во Серија А, а истовремено мора да размислува и за настапот во финалето на Лигата на шампионите.
Тренерот Симоне Инѕаги веќе заработи многу комплименти поради резултатите и трофеите кои Интер ги освојува изминативе години, а своите критики за италијанскиот стручњак сега ги повлече и поранешниот претседател Масимо Морати.
Човекот под чие водство Интер ја освои последната европска титула смета дека направил грешка при проценката.
– Го променив мислењето.
– Првично мислев дека тој не е соодветен за Интер, но тој одлично се снајде, покажа дека секогаш е подготвен и смирено се справува со најтешките ситуации, – рекол Морати.
Интер во следното коло се среќава со Лацио, додека противник во финалето на ЛШ ќе му биде ПСЖ на 31. мај.