Барселона ќе извиси за искусен дефанзивец

Дерби

14/05/2025

13:45

314

Големина на фонт

а а а

Финансиската ситуација веќе подолг период ги комплицира трансфер потезите на одговорните во Барселона, а германските медиуми тврдат дека тактизирањето на шпанскиот клуб ќе значи и губење на трката во потписот за еден искусен фудбалер.

Угледниот германски новинар Кристијан Фалк тврди дека Џонатан Та нема трпение да ја чека Барселона и се поизвесно е дека ќе ја прифати понудата на Баерн Минхен.

Договорот на Та со Баер Леверкузен истекува на крајот на сезоната, па тој ќе може да си избере следна дестинација без инволвирање на досегашниот клуб, а долго се зборуваше дека сака да му се приклучи на Ханси Флик во шпанскиот состав.

Та сега веќе размислува што поскоро да стави крај на неизвесноста, па затоа Баерн има предност и веројатно ќе ангажира квалитетно засилување без отштета.

Дефанзивецот актуелнава сезона пропушти само еден натпревар, а претходната беше еден од најзаслужните за освојување на трофеите од страна на Баер.