Двојна офанзива на Сити: Официјална понуда за играч на Милан и „тајна средба“ со семејството Вирц

Дерби

14/05/2025

13:29

184

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити одамна остана без шанси да се бори за трофеите во Премиер лигата и Лигата на шампионите, а најлошата сезона во ерата на Пеп Гвардиола и заминувањето на Кевин де Брујне, очигледно иницира потреба од сериозни засилувања во летниот преоден рок.

Премиерлигашот веќе води сериозни преговори за неколку квалитетни имиња, вклучувајќи ги Тијани Рејндерс од Милан и Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.

Повеќе угледни англиски новинари, вклучувајќи го и Дејвид Орнштајн, објавија дека Сити деновиве испратил официјална понуда до Милан за Рејндерс и посакува да го добие играчот уште пред почетокот на Светското клупско првенство.

Рејндерс се покажа вистински трансфер погодок на италијанскиот клуб и е една од светлите точки во уште една разочарувачка сезона за „росонерите“, па Милан ќе треба да одлучи дали ќе го задржи холандскиот репрезентативец или ќе сака добро да заработи на неговиот трансфер.

Истовремено, вчера во Манчестер било семејството Вирц, односно германскиот фудбалер и неговите родители, кои го застапуваат во преговорите.

Медиумите објавија дека планот на клубот бил да не го предизвика вниманието на јавноста, па Вирц и родителите летнале од аеродромот во Мастрихт-Ахен и слетале во Блекплул, по што биле префрлени во Манчестер. Целата рута била избрана за да се избегнат и новинарите, но родителите на Вирц сепак биле фотографирани од фанови во моментите кога излегувале од автомобил.