Јокиќ не можеше сам, Оклахома поведе во серијата со Денвер

Дерби

14/05/2025

13:26

124

Големина на фонт

а а а

Оклахома Сити не дозволи нов брејк и покрај одличниот настап на Никола Јокиќ, па со победата на домашен терен (112:105) поведе со 3:2 во серијата од западната конференција.

Денвер често имаше и предност на ова гостување, последниот период го започна со предност од осум поени, но Тандер успеаја да направат пресврт во решавачкиот период за многу важен триумф во серијата.

Јокиќ го заврши натпреварот со 44 поени, 15 скокови и 5 асистенции, а поддршка имаше само од Џамал Мареј, кој реализираше 28 поени, но со многу послаб процент на реализација. Трет најдобар реализатор беше Гордон со само 13 поени на овој петти натпревари.

Шеј Гилџус-Александер го заврши натпреварот со 31 поен, Вилијамс постигна 18, додека Хартенштајн го заврши натпреварот со 15 поени.

Шестиот натпревар ќе се игра во Денвер и домаќините ќе мора да бркаат победа за да останат во серијата.