Јокиќ погоди луда тројка во клучен момент, фановите шокирани од една ситуација

Дерби

14/05/2025

12:28

314

Големина на фонт

а а а

Денвер загуби од Оклахома Сити во петтиот натпревар од серијата, но тоа не значи дека НБА фановите нема да зборуваат за Никола Јокиќ и неговиот последен настап во плејофот.

Српскиот центар постигна 44 поени и повторно беше најдобар поединец во редовите на Нагетс, но и тоа не беше доволно за позитивен резултат на ова гостување.

Јокиќ сепак испорача неколку вирални моменти од натпреварот, а еден од нив е тешката и луда тројка која ја постигна во финишот, со што израмни на 103:103.

Денвер не се снајде најдобро во завршните напади, па и тројката ќе остане запаметена само како атрактивен индивидуален потег, а фановите на Нагетс се шокирани и од една ситуација во која на Јокиќ му беше досуден офанзивен фаул.

– Јокиќ е единствената голема НБА ѕвезда на која и се суди ваква лична грешка, – стои во еден од коментарите на фановите.