Јувентус ќе има двоен спонзор на дресовите, ги објави и бројките од договорот

Дерби

14/05/2025

12:25

180

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Јувентус грчевито се борат да изборат пласман во следното издание на Лигата на шампионите, а раководството на клубот од втор план објави убава вест за финансиската стабилност на клубот.

Откако речиси цела сезона ја помина без главен спонзор на примарното место на дресовите, Јувентус во иднина ќе има не еден, туку два спонзора, чии логоа ќе бидат лоцирани на првата и втората позиција на предната страна.

Автомобилскиот бренд „Jeep“ се враќа на позицијата каде беше во минатото со нов четиригодишен договор, од кој Јувентус ќе заработи 69 милиони евра, додека на втората позиција ќе стои логото на кампањата „Visit Detroit“.

Она што е важно е дека второто лого ќе биде дозволено само на домашните натпревари и ќе стои на дресовите на сите екипи на Јувентус, вклучувајќи го и женскиот тим кој е нов италијански шампион. Во своето соопштение, Јувентус наведува само дека сумата која ќе биде заработена од втората позиција ќе биде значително помала од таа договорена со „Jeep“.

Американскиот автомобилски бренд кој сега е дел од мултинационалната групација „Стелантис“ ја имаше истата позиција од 2012 до 2024 година, додека во меѓувреме на дресовите на Јуве стоеше логото на хуманитарната организација „Save the Children“.