Американската актерка Хали Бери на своите следбеници им покажа како го поминала Денот на мајката. Таа се снимала во кревет со партнерот Ван Хант, а видеото го привлекло вниманието на многумина
„Ви покажав како ми започна денот, односно како почна мојот Ден на мајката. Сега нема да ви покажам, туку ќе ви кажам како ќе заврши мојот Ден на мајката“, рекла актерката низ насмевка.
Понатаму навела дека во Кан со себе понеле лубрикант „Let’s Spin“, кој неодамна стана достапен во патно пакување.
„Бидејќи сме во Кан, Франција, првпат го понесов на патување. Сега ќе го испробаме“, споделила со фановите. Таа на своите следбеници им го честитала Денот на мајката и додала дека се надева дека и тие добро се забавуваат.
Меѓу другото, Хант се пошегувал дека никогаш не бил посреќен што Денот на мајката се приближува кон крајот. Ова видео било причина за бројни коментари.
„Се чувствувам како да не сум доволно возрасен за да го гледам ова, но сакам“, „Преслатки сте. Прекрасен пар“, „Дали ви пречиме?“, „Што штотуку гледав?“, се некои од нив.
Парот е заедно од 2020. Актерката претходно изјавила дека ова е првпат лудо да се вљуби пред да има секс.
Инаку, Бери е во жирито на Канскиот филмски фестивал. Фестивалот започнува денес и ќе трае до 24 мај.