Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Макфакс

25/05/2026

12:20

158

Големина на фонт

а а а

Валентин Манасиевски обвинува дека Венко Филипче во соработка со Виктор Стојанов, персона нон грата во Македонија, промовира бугарски идентитет и ја негира македонската национална посебност и јазик.

Специјалниот пратеник на Румен Радев, Венко Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови, кажа на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче, вели тој, е соработник со Виктор Стојанов кој се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија.

„Неговите јавни настапи“

се насочени кон негирање на македонскиот јазик и националната посебност, промовирајќи ја тезата дека Македонците и Бугарите се еден ист народ. Поради неговите ксенофобични односи, тој е означен како закана за националната безбедност од македонските власти и има забрана за влез во земјата“.

Филипче, оценува Манасиевски, е соработник со човек кој ја негира Македонија, односно вели дека сме еден народ со Бугарите во две држави.

„Филипче е соработник“

со човек кој ни го негира идентитетот, јазикот, културата и историјата.

Филипче е директен соработник на Бугарија во Македонија, преку бугарските мисии на министерката Петрова Чамова.

Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче е единствениот кој бара внесување на Бугари во Устав без гаранции дека тоа е последниот чекор за влез во ЕУ.

Венко Филипче со ваквиот однос кон Македонија си ја запечатува својата политичка кариера“.