[ВИДЕО] Стравични сцени во Белград: Трамвај излета од шините и удри во зграда, има повредени

Макфакс

25/05/2026

12:54

645

Големина на фонт

а а а

Во Белград се случи тешка несреќа кога трамвај излета од шините и удри во зграда. Повредени се неколку лица, а на местото на настанот интервенирале брза помош, полиција и противпожарна служба. Материјалната штета е значителна, додека деталите за причините сè уште се истражуваат.

Тешка несреќа се случи денес во Белград, кога трамвај излета од шините и удри во зграда. Во несреќата има повредени, но засега не се познати повеќе детали.

Според првите информации од местото на настанот, трамвајот излетал од шините под сè уште неразјаснети околности, по што удрил во зграда до патот, пренесуваат тамошните медиуми.

Силниот судир предизвикал голема материјална штета на трамвајот, но и на фасадата на зградата во која удрил.

Екипи на брза помош, полиција и противпожарна служба се на местото на настанот.

Според првичните информации, во несреќата има повредени лица, но степенот на нивните повреди и точниот број на повредени патници засега не се официјално потврдени.