Израелско-американскиот заложник Еден Александар се врати на своето семејство во Израел, откако помина 19 месеци во заробеништво на Хамас во Газа.
Дваесет и едногодишниот Александар служел во израелската армија на границата со Газа кога бил заробен од членови на Хамас на 7 октомври 2023 година.
Во понеделникот, Израел ги прекина воените операции во Газа на неколку часа за да се овозможи негова размена. Висок функционер на Хамас изјави за Би-би-си дека ослободувањето на заложниците е „гест на добра волја“ како дел од напорите за постигнување нов прекин на огнот, пред пристигнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Блискиот Исток во вторник.
Redemption of Hostages
— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) May 12, 2025
Staff-Sgt. Edan Alexander, reunites with his family at the initial reception facility. pic.twitter.com/PDp8uX48ce
Се верува дека Александар е последниот жив американски државјанин држен во заробеништво од Хамас.
Претседателот Трамп му честиташе на неговото семејство за ослободувањето.
Телевизиските снимки го покажуваат Едан Александар како насмеано ги прегрнува своите родители и браќа и сестри во израелска воена база.
Redemption of Hostages:
— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) May 12, 2025
Staff-Sgt. Edan Alexander being transferred to the IDF. pic.twitter.com/Xk0cRe47yW
Во изјава за медиумите, неговото семејство му се заблагодари на американскиот претседател, но исто така ги повика израелската влада и преговарачите да продолжат да работат на ослободување на преостанатите 58 заложници.
Александар е првиот заложник ослободен од Хамас откако Израел ги продолжи воените операции на 18 март по двомесечното примирје.