Сонот се претвори во кошмар: Дебитантот на Реал се соочи со „линч“ по Ел Класико

Дерби

12/05/2025

11:06

632

Големина на фонт

а а а

Виктор Муњоз си го оствари сонот и дебитираше за првиот тим на Реал Мадрид во едно „Ел Класико“ деби, но она што можеше да претставува ден за паметење, за жал на крајот се претвори во вистински кошмар за младинецот на „кралскиот клуб“.

Муњоз принудно влезе во игра по повредата на Винисиус Жуниор и доби шанса во 88-та минута, па иако мина малку време на теренот, тоа се покажа како доволно да влезе во стопроцентна шанса.

Младиот напаѓач излезе само пред голот на Шчесни и имаше идеална шанса за 4:4, но неговиот удар заврши крај голот и така пропадна претпоследната шанса на Реал на овој натпревар.

По поразот од 4:3, добар дел од фановите на Реал го нападнаа Муњоз на социјалните мрежи и го наполнија неговиот Инстаграм профил со тешки зборови и лични навреди, поради што младиот 21-годишен фудбалер се одлучи на радикален потег.

Виктор одлучи да забрани коментари на неговиот Инстаграм профил со цел да не дозволи продолжување на „линчот“ на социјалните мрежи, па јасно е дека вчерашното попладне на „Монжуик“ нема да остане во добро сеќавање на младиот фудбалер.