Кривична за 36-годишен Французин, на Табановце фатен со куршуми за кои немал дозвола

Макфакс

11/05/2025

17:55

935

Големина на фонт

а а а

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Б.П.Л.(36) од Република Франција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

Полицијата извести дека на втори мај на граничниот премин Табановце во возилото „форд“ со кое управувал Французинот биле пронајдени и одземени куршуми калибар 22 мм, за кои не поседувал дозвола.