СДСМ: Максиме прочитан си, сега нема бегање од скандалот со златните парцели

Макфакс

11/05/2025

13:23

2.041

Големина на фонт

а а а

Луѓе фатени во корупција ниту може некого да прозиваат, а уште помалку да се претставуваат како некаква морална алтернатива, велат од СДСМ.

„Максиме, нема бегање од вистината, сè излегува на виделина. Тоа досега требало да ти биде јасно. Како што излезе и корупцискиот скандал со златни парцели поврзани со тебе и твојот кум. Народот чека одговори и бара одговорност. Погледни ги граѓаните во очи и кажи. Како се вртат 350.000 евра преку бизнис зделки во твојата општина? Максиме, прочитан си до максимум. И од членовите на ЗНАМ и од граѓаните, затоа ти бега членството.

Откако СДСМ ја искористи за личен бенефит, ЗНАМ ја направи само да ти биде алатка за твоите бизнис интереси и лично богатење, параван за твоето слугување кон ВМРО ДПМНЕ. Тоа веќе сите го знаат“, обвини СДСМ преку соопштение.

Македонија ќе ја биде, велат од партијата, кога од политичката сцена ќе се искоренат полуписмени и криминализирани луѓе кои политиката ја користат само за да украдат нешто, макар и еден пар чизми.