Македонските ракометари вечерва во ист состав против Литванија за пласман на ЕП 2026

Точка

11/05/2025

12:17

1.021

Големина на фонт

а а а

Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје го игра клучниот натпревар за пласман на Европското првенство во 2026 година.

Во овој решавачки меч избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе одат на победа со најмалку два голови разлика (или повеќе) за да го обезбедат второто место во квалификациската група 1 кое исто така води директно на ЕП.

Првиот меч меѓу овие две селекции заврши со триумф на Литванците (29:27). Од претходно репрезентацијата на Словенија веќе обезбеди пласман на ЕП.


Што се однесува до составот на играчи, во комбинација се истите ракометари кои пред три дена ја прегазија Естонија и кои ќе се обидат да го повторат резултатот и вечерва.


Оваа убедлива победа над Естонија во Талин уште повеќе ја крева атмосферата во пресрет на вечерашниот дуел, но селекторот Лазаров предупредува дека мора да се биде внимателен, особено во запирањето на транзицијата на Литванците.

„Играме многу важен натпревар за пласман на големо натпреварување. Треба да бидеме константни во текот на сите 60 минути. Литванија има одлична транзиција и треба да бидеме поготово добри во враќањето назад. Нашата предност е домашниот терен и нашите навивачи. Натпреварот ни е подготвени и ќе се бориме до крај“, изјави Лазаров.


Тој исто така рече дека Литванија воопшто не е наивен противник, иако не важи за ракометна нација.

„Кога ќе кажете Литванија, мислите на кошарка, а не на ракомет, но не е така. Имаат искусни играчи кои играат во добри клубови. Против нив очекувам еден врвен меч и добар ракомет од двете страни Но, одиме чекор по чекор – прво одиме на Естонија, потоа на Литванија“, додаде Лазаров.

Инаку судии на денешниот дуел во Скопје ќе бидат Руд Гераетс и Пол Гераетс од Холандија, додека ЕХФ делегат е Герхард Реисинер од Австрија.