Анчелоти пред најавената разделба со шпанскиот клуб: Реал е како Милан…

Дерби

11/05/2025

10:18

1.519

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти го подготвува својот тим за денешното „Ел Класико“, но во втор план и натаму се коментира за информацијата дека тој дефинитивно заминува од Реал Мадрид и ќе биде наследен од Чаби Алонсо.

Шпанецот веќе најави збогување со Баер Леверкузен и мадридските медиуми го преселија на клупата на својот поранешен клуб, а Анчелоти вчера не штедел комплименти за помладиот колега.

– Прочитав дека го напушта Леверкузен, каде што заврши одлична работа.


– Сите врати се отворени за него, бидејќи покажа дека е еден од најдобрите тренери во светот, – рекол Анчелоти, кој уште еднаш го прокоментирал и евентуалното заминување.

– „Медениот месец“ со овој клуб никогаш нема да заврши, ќе продолжи засекогаш. Реал Мадрид е клуб како Милан, остануваат во твоето срце подолго од сите други. Како и во секоја врска, постои голема страст, па доаѓаат и другите работи како приврзаноста, па затоа мислам дека конекцијата со Реал ќе остане за цел живот, – потенцирал тренерот на Реал.