Димитриевски од Охрид: Венко, за што ќе ја користиш златната виза од Дубаи, со една нога надвор не се станува водач

Макфакс

11/05/2025

09:54

587

Големина на фонт

а а а

На средбата со граѓани, членови и симпатизери на Движење ЗНАМ за Наша Македонија во Охрид, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски оцени дека СДСМ е структура која ја изгубила врската со реалноста и денес опстојува само преку фабрикувани скандали и ПР-трикови.

Оттука тој директно се обрати до Венко Филипче:

„Венко, за што ќе ја искористиш ’златната виза’ од Дубаи која призна

дека ја поседуваш? Човек кој добил можност трајно да се исели од

државата, не може да биде партиски лидер. Со една нога надвор од

Македонија, со мисла за бегство наместо за обнова – не се станува водач

на народ. Златна виза во џеб значи златна резерва за бегство – а не

визија за иднината на нашата татковина.“


Претседателот на ЗНАМ упати силен повик до членовите на СДСМ:

„Ги повикувам сите искрени, чесни и достоинствени членови на СДСМ – оние

кои сè уште веруваат во идејата за правда, еднаквост и општество за

сите, да станат дел од вистинската промена.

Доста беше да гледате како Вашата партија се претвора во празна обвивка

водена од лични амбиции и привилегии. Знаеме дека има луѓе меѓу вас кои

не се сложуваат со тивката капитулација пред елитизмот и корупцијата.

Време е да кажете „доста е“ и да се приклучите на движење што не ги

купува идеалите – туку ги живее.

Ова е повик до Вашата совест. Не заради нас – туку заради иднината на

оваа земја. ЗНАМ не прави разлика меѓу левица и десница – туку меѓу оние

што сакаат Македонија да успее и оние што ја користат како заложник за

лична корист. Вие, вистинските социјалдемократи, знаете што значи борба

за правда, знаете што значи солидарност. Тоа што го браневте некогаш,

денес го гуши актуелното раководство. Време е да застанете од правата

страна на историјата – за народот, а не за фотелјите.“

На теренските средби доминираа теми што вистински ги засегаат граѓаните

– блокирани инвестиции, нефункционално јавно здравство, масовното

иселување на младите, непотизам и институционална парализа.

Движењето ЗНАМ ќе продолжи со теренски средби низ целата држава.