[ВИДЕО] Пукање во Штип, едно лице е повредено

Макфакс

09/05/2025

07:17

1.793

Големина на фонт

а а а

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

Според првичните информации од полицијата, повредениот е префрлен во болницата во Штип.

„Вчера околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“, велат од МВР.

TВ Стар од Штип објави снимка од синоќешното пукање со пиштол во кафуле во градот при што било рането едно лице. Како што информираа од полицијата, повреденото лице е префрлено во болницата во Штип, а се трага по напаѓачот.

Неофицијално, и жртвата и лицето кое пукало се студенти од Турција.

Убиецот на студентот во Штип пресретнат од полицијата кај Миладоновци. Во бегство ја пробил наплатната рампа и покрај тоа што полицијата отворила оган. Неколку километри потоа убиецот го напуштил возилото оставајки го на автопатот. Потрагата е во тек

Posted by Tv Star - Телевизија Стар on Thursday 8 May 2025

Ексклузивни снимки од моментот на убиството во Штип. Осомничен за убиството е Бедри Полат кој е во бегство

Posted by Tv Star - Телевизија Стар on Thursday 8 May 2025