Формула 1 тимот Алпин реши да направи итна промена во својот ростер и му го додели местото на Џек Дуан на друг пилот.
Флавио Бриаторе и неговите соработници денеска потврдија дека Франко Колапинто ќе вози покрај Пјер Гасли уште на трката на Имола (16-18. мај), а Аргентинецот добил гаранција дека ќе добие шанса на барем пет трки и следната евалуација ќе биде направена пред британското гран-при во месец јули.
Дуан возеше за Алпин од крајот на претходната сезона и досега не освои ниту поен во болидот на францускиот тим, па ваквиот потег на Бриаторе не е изненадувачки и беше нејасно само кога ќе биде повлечен.
Колапинто дојде во Алпин од Вилијамс каде не доби вистинска шанса, а наредниов период Дуан ќе остане како резервен возач и ќе чека евентуална нова шанса во Формула 1.
Одлуката за промената на возачите доаѓа нецели 24 часа откако оставка поднесе досегашниот тимски шеф Оливер Оукс.