„Кога на моќниците ќе им застаруваат криминалите – сетете се дека ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за крај на таквата неказнивост“, велат од партијата Левица

Макфакс

07/05/2025

08:24

659

Големина на фонт

а а а

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажа својата намера кога зборува за „реформи во судството“ – наместо вистински промени, тие бараат свои судии и обвинители од партиските тефтерчиња“, велат од партијата Левица.

„Со последното гласање во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните сателити ВРЕДИ и ЗНАМ, одбија да го поддржат Предлог-законот на Левица за измени на Кривичниот законик, кој предвидуваше:

– Дуплирање на роковите за застарување на кривичните дела и

– Незастарливост на кривични дела сторени од службени лица во извршување на функцијата

Со тоа, овие партии јасно порачаа дека не им е до правда, туку до прикривање на криминалот на нивните луѓе. Тие повторно ги предадоа интересите на граѓаните, избирајќи да ги штитат своите корумпирани редови.

Овој предлог на Левица имаше за цел да ги анулира срамните измени на Кривичниот законик од 2023 година, кога СДСМ и ДУИ на брза лента ги изгласаа, а ВМРО-ДПМНЕ им овозможи кворум, по што – многу поранешни и актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа амнестирани преку „застарување“.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која глуми борец за правда, но кога ќе дојде момент за вистински реформк, тие одбиваат да ги поддржат. Зошто? Затоа што токму тие најмногу профитираат од сегашниот систем на организирана неказнивост.

Само лани до ноември, во Кривичниот суд застарел 71 предмет. Секој од таквите предмети е симбол за распаднатиот правен систем, за неказнетиот криминал и за договарања под маса. Јавна тајна е дека за „застарување“ постојат ценовници, влијанија, уцени и слично.

Граѓаните веќе не веруваат во никакви „нови почетоци“ од старите партии. Сите гледаат дека кај моќниците нема ни страв од впуштање во кривично дело, ни срам кога истото ќе се открие. Тие знаат дека системот е дизајниран да ги штити.

Левица ќе продолжи бескомпромисно да се бори за крај на неказнивоста. Овој предлог е само еден од низата за која Левица се залага, предлага и ќе продолжи во таа насока – против корупцијата, вистински реформи и промена на системот“, се наведува во соопштението на партијата Левица.