Францускиот претседател Емануел Макрон, испрати честитка до новоизбраниот германски канцелар Фридрих Мерц, на германски јазик.
„Од нас зависи да го направиме француско-германскиот мотор посилен од кога било и да ја забрзаме нашата европска агенда за суверенитет, безбедност и конкурентност“, рече Макрон.
Макрон потврди дека двајцата ќе се сретнат утре, како дел од првото странско патување на Мерц во Париз и Варшава.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше меѓу првите светски лидери што упатија официјални честитки до Фридрих Мерц.
Во објава на социјалните мрежи, тој изрази надеж дека во иднина ќе види поголемо германско лидерство во европските и трансатлантските прашања.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го нарече Мерц докажан пријател и експерт за Европа, велејќи дека тие ќе работат заедно за посилна и поконкурентна Европа.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, се приклучи на честитките на германски јазик – додавајќи дека се радува на заедничката работа на амбициозна европска програма.