Венгер ја посочи предноста на Арсенал пред реваншот со ПСЖ

Дерби

06/05/2025

12:58

1.052

Големина на фонт

а а а

Пари Сен Жермен оствари победа над Арсенал од 1-0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите и токму тој резултат им носи предност пред реваншот на „Паркот на принцовите“ кој е закажан за утре од 21 часот.

Многумина ги сметаат „светците“ за апсолутни фаворити за пласман во финалето, меѓутоа легендарниот Арсен Венгер не сака да избрзува со такви заклучоци, тези и според него клубот од северен Лондон има една предност во оваа ситуација.

- Она што е интересно во Лигата на шампионите, кога играте на гости и дома е тоа што секој пат пред да го започнете натпреварот во реваншот, имате ментален проблем што треба да го решите. Предноста за Арсенал е што менталниот проблем е лесен. Тие мора да одат, да играат и да победат.

- Менталниот проблем за ПСЖ е: дали играме за да победиме во овој натпревар или играме за да ја заштитиме нашата предност и да ги натераме да играат во контранапад, знаејќи дека мора да бидете многу јасни во вашата порака до тимот?

- Исто така, знаејќи дека не секој во тимот ќе биде нужно наклонет кон тебе, бидејќи ако одлучат да ја заштитат својата предност, тоа е малку против ДНК-та на тимот. Значи, Луис Енрике веќе излезе и рече дека имаат уште еден натпревар за победа и верувам, имајќи го предвид финалето и играњето дома, ќе биде многу тешко да се има пасивен став, - истакна Венгер.

Подобриот од овој дуел ќе се соочи со победникот од Интер-Барселона во големото финале на „Алијанц Арена“ во Минхен.