Невил издвои неколку клубови: Кејн ќе се врати во Премиер лигата

Дерби

06/05/2025

11:24

1.035

Големина на фонт

а а а

Хари Кејн ова лето ќе го прослави 32 роденден, а пред да се случи тоа тој конечно дојде до првиот голем трофеј во професионалната кариера и тоа во дресот на Баерн Минхен.

Тој стана шампион на Германија со што стави крај на долгото чекање за пехар, ја „тргна клетвата“ и сега и притисокот кон него треба да биде помал, односно да може послободно да испорача и нови квалитетни партии кои на крајот би дале резултат за клубот/ репрезентацијата.

Инаку Хари веќе две години настапува во Баерн и ако нема некое изненадување би требало да продолжи и во наредната сезона, меѓутоа Гери Невил верува во сценарио во кое голгетерот би се вратил во Англија.

- Кејн е еден од најголемите напаѓачи што ги има произведено Англија. Тој е брилијантен професионалец и би сакал да го гледаме во Премиер лигата секоја недела. Ни недостига – неговиот квалитет и класа. Кога ќе помислите на овие два тима денес [Челси и Ливерпул], тие би сакале да го имаат Кејн во нападот.

- Секој тим во Премиер лигата би го направил тоа. Манчестер Сити го има Ерлинг Халанд, но на некои тимови навистина им недостасува врвен централен напаѓач. Ливерпул ќе бара централен напаѓач, Манчестер Јунајтед ќе бара централен напаѓач, Челси ќе бара централен напаѓач. Знаеме дека Арсенал очајно бара централен напаѓач. Иако не сум сигурен дека би одел во Арсенал! Но, знаете, Кејн ќе се врати во одреден момент, - подвлече Невил.