Арсенал со негатива од 1-0 ќе го дочека реваншот со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, а тоа воедно значи дека ќе мора да победи во француската престолнина ако сака по подолга пауза одново да игра во финале на најквалитетното клупско натпреварување.
Тоа нема да биде лесна мисија против тимот кој „лета“, доминира и веќе суреди неколку екипи од Англија како Ливерпул, Астон Вила, но менаџерот Микел Артета верува дека се е отворено и ја посочи формулата за успех на „Паркот на принцовите“.
- Возбуда, ежење, желба да дојде денот, [чувството] дека си многу подготвен, многу убеден и знаеш дека можноста е да играш во финале на Лигата на шампионите. И кога ќе стигнеш до таа точка, мора да го дадеш животот за тоа, - порача Артета за „ЕСПН“.
На „топчиите“ му недостасуваат доста играчи, но токму тоа е дополнителен мотив за Артета и екипата.
- Видете одејќи низ тунелот, ги видов Томијасу, Калафиори, Габриел, Каи Хаверц, Габриел Жезус, Томас Парти, Жоржињо во аут. Стартери! И го гледам тимот како се натпреварува и се наежувам. Бидејќи имаме многу заслуги, а сепак натпреварот беше со многу, многу, многу мали разлики кои не беа на наша страна тој ден. Затоа сум многу оптимист, - подвлече Шпанецот.