[ФОТО] Мет Гала 2025 ги донесе најубавите вести: Ријана откри дека е бремена по трет пат и го покажа трудничкиот стомак на црвениот тепих

Точка

06/05/2025

09:20

2.431

Големина на фонт

а а а

Ријана (37) откри дека го чека своето трето дете со партнерот Асап Роки на спектакуларен начин – покажувајќи го трудничкиот стомак на црвениот тепих на Мет Гала 2025 година.

Пејачката изгледала неверојатно во скратен блејзер на Марк Џејкобс, волнен корсет и здолниште со пруги кои се одликуваа со шлиц до бутовите и интересен детал во форма на уште една јакна.


Задоцни на Мет Галата

Носела чевли со високи потпетици, подигната коса во елегантна пунџа под впечатлив шешир, а додала и вратоврска со точки. „Облеката на Ријана вечерва … Не знам, само некако не го прекива нејзиниот труднички стомак“ изјавил Роки, кој ги има синовите РЗА (3) и Рајот (1) со пејачката, за „Extra“ претходно истата вечер.


Асап Роки, која оваа година беше ко-домаќин на настанот заедно со Колман Доминго, Луис Хамилтон и Фарел Вилијамс, пристигнал порано, додека Ријана, како што е веќе нејзиниот стил, доцнела на најголемата модна вечер во годината.


Раперот носел црн костум по нарачка од брендот „Awge“ и јакна од „Marmot“. Носел и чадор од брендот „Briony Raymond“ со рачка во облик на пиштол обложена со дијамант.



Една бременост на полувремето од Суперболот


Не е првпат Ријана на посебен начин да ја објави својата бременост – таа ја откри својата втора бременост за време на нејзиниот настап на полувремето во „Super Bowl LVII“ 2023 година, кој го сруши интернетот, облечена во тесен црвен комбинезон „Loewe“ кој го истакнал нејзиниот стомак. Овогодишната тема на Мет Гала беше „Superfine: Tailoring Black Style“. Гостите требало да го претстават стилот на афроамериканските мажи, од 18 век до денес.