Гвардиола ја пронајде замената за Де Брујне

Дерби

05/05/2025

11:27

422

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити останува без легендата Кевин Де Брујне по крајот на оваа сезона, асот кој меѓу најзаслужните за сите успеси на екипата во изминатава деценија.

Де Брујне испиша историја со „граѓаните“ и повеќе од јасно е дека нема да биде воопшто лесно да се замени, да се најде игра кој ќе може на тој начин да одговори, меѓутоа исто така мора квалитетно да се пополни тоа место и менаџерот Пеп Гвардиола веќе има пикирано еден играч и тоа од Премиер лигата.

Фабрицио Романо информира дека Сити посакува да го доведе Морган Гибс-Вајт, човекот кој игра навистина квалитетно за Нотингем Форест.

Во тековнава сезона има 5 гола и 9 асистенции на 34 натпревари во ПЛ и ФА Купот. Тој има 25 години и дефинитивно би донел нова енергија, свежина во екипата, клубот од Манчестер би немал проблем да ги договори личните услови, но останува потешката задача, понудата за која „шумарите“ ќе кажат „ДА“ за да се комплетира операцијата.

Морган низ целата кариера настапува во Англија, прво беше дел од Вулверхемптон, па беше на позајмици во Свонси и Шефилд Јунајтед за да од 2022 година настапува за составот од Сити Граунд.