СДСМ: Владата на ДПМНЕ се фали со наши проекти, овој пат во Кавадарци

Макфакс

02/05/2025

17:10

405

Големина на фонт

а а а

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со познатата практика на сликање покрај проекти од претходната Влада, велат од СДСМ.

„Последен пример е Кавадарци, каде премиерот Мицкоски, членови на владата и градоначалникот Јанчев се фалеа со проекти како што се колекторскиот и канализацискиот систем во населеното место Моклиште, проекти кои беа планирани, финансисрани, започнати и во напредна фаза на реализација токму во време на Владата предводена од СДСМ.

Добро е што овие проекти се завршњни но граѓаните знаат: овие проекти се резултат на одговорна и визионерска политика на СДСМ која секогаш работеше во интерес на сите граѓани.

За жал, после 10 месеци Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден сопствен капитален проект“, се вели во нивната реакција.