На јужниот брег на Чиле, морето се повлече пред пристигнувањето на цунамито по силниот земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.
Се работи за водена површина помеѓу најјужниот врв на Јужна Америка – Кејп Хорн и Јужните Шетландски Острови на Антарктикот.
Властите издадоа итно предупредување за цунами, поради што беше наредена евакуација.
Покрај жителите на Магаланес, се евакуираат и жителите на Пунта Аренас и Пуерто Наталес. На жителите на овие населби им било наредено да се оддалечат од брегот.
Според првите проценки, се очекува цунами високо меѓу еден и три метри да го надмине брегот.
Врз основа на прелиминарните параметри на земјотресот, можни се опасни бранови од цунами на бреговите кои се наоѓаат на 300 километри од епицентарот на земјотресот.
🟢 CHILE |
— SomosEstrategia (@SomosEstrategia) May 2, 2025
Hay alerta de Tsunami para las costas de #Chile, luego de un sismo de 7.5 grados.
El mar se ha retirado en algunos sectores
Video TVN pic.twitter.com/LZ5wzXe2v5
Чилеанската хидрографска и океанографска служба процени дека во наредните часови брановите ќе стигнат до Антарктикот, а потоа и до градовите на крајниот југ на Чиле.
Претседателот на Чиле, Габриел Бориц повика на итна евакуација на населението.
Инаку, според податоците на чилеанската агенција за катастрофи (Сенапред), повеќе од 1.700 луѓе се евакуирани на повеќе локации во ретко населената област, меѓу кои 1.000 од градот Пуерто Вилијамс и 500 од Пуерто Наталес.
Околу 32 лица се евакуирани од чилеанските истражувачки бази на Антарктикот.
Сенапред издаде највисоко ниво на тревога за катастрофи, што значи дека сите ресурси ќе бидат мобилизирани за да се одговори.
Локалните медиуми јавуваат дека повикот за евакуација во безбедни подрачја, лоцирани на 30 метри надморска височина, е мерка на претпазливост.