Фудбалскиот свет отсекогаш трага по наследници на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но изгледа дека едно момче од Барселона веќе испишува историја – и тоа побрзо од најголемите.
Ламин Јамал, бисерот на Ла Масија и шпанската репрезентација, со само 17 години има статистика која изгледа речиси неверојатно. Во споредба со Роналдо и Меси на иста возраст, разликата е поразителна:
Кристијано Роналдо на 17 години: 19 настапи, 5 голови, 4 асистенции
Лионел Меси на 17 години: 9 настапи, 1 гол, 0 асистенции
Ламин Јамал на 17 години: 100 настапи, 22 голови, 33 асистенции
Она што Ламин го прави на теренот веќе сега е фасцинантно. Не само што има трицифрен број настапи, туку и директно учествувал во дури 55 голови – и тоа во сениорски фудбал.
Неговата смиреност, техничка супериорност и визија на игра потсетуваат на најдобрите верзии од обајцата великани. Сепак, Јамал не се обидува да биде „новиот Меси“ или „новиот Роналдо“ – тој ја пишува сопствената приказна.
Како да не доаѓа од оваа планета – Ламин изгледа како да доаѓа од друг свет.