Бетис ја совлада Фиорентина со 2-1 и со предност ќе патува на полуфиналниот реванш во Фиренца кој е на програмата наредната седмица во рамките на Конференциската лига на УЕФА.
Домаќинитеа беа подобар и поконретен ривал и сосема заслужено славеа на „Бенито Вилјамарин“ во Севилја во средбата која беше одбележана од прекрасниот погодок на бразилскиот интернационалец Антони.
Се играше 64 минута кога офанзивецот со послабата десна нога испрати вистински проектил во мрежата на Давид Де Хеа. Де Хеа го знае Антони од времето поминато во Јунајтед, па го „пецна“ колегата по натпреварот.
- Тренирав 1000 пати со Антони и тој никогаш не постигна гол со десната нога, - рече Де Хеа за Мувистар Плус.