Колку чини првомајскиот пикник во природа?

Денар

01/05/2025

17:07

1.205

Големина на фонт

а а а

Иако Први мај традиционално се слави како празник на трудот, за многумина македонски граѓани денеска тоа е пред сè финансиски предизвик.

Семејствата што решија да го поминат денот на некоја од излетничките локации – Водно, Матка, Кучково, езерото Младост, Треска или во најобичен двор – мораа длабоко да посегнат во џебот за да обезбедат класична скара, пијалаци и останати задоволства.

Колку чини „обичен“ Први мај?

Сметката за првомајскиот излет годинава е значително повисока од лани. За едно просечно семејство од четворица членови, кое сака да направи класичен скара-аранжман со 2-3 вида месо, салати, пијалаци и десерт, просечниот трошок се движи од 2.500 до дури 4.000 денари – зависно од изборот на производи и дали се купува сè свежо или веќе подготвено.

Цените на месото, според последните податоци од пазарите и маркетите, бележат раст од 10 до 15 отсто споредено со истиот период лани.


Еден килограм ќебапи или плескавици сега чини околу 300 денари, свинскиот врат е над 400 денари, додека пилешките стекови се меѓу 250 и 350 денари, зависно од квалитетот.

„Ние сме шестчлено семејство. Само за месо и за пијалаци дадовме околу 3.500 денари. Да не беше домашниот леб и салата од градина, ќе требаше уште 1.000. Ова повеќе не е уживање, туку луксуз“, вели Љупчо Стојанов, вработен од Скопје кој традиционално го прославува Први мај во Кучково.

Пијалаците – „освежување“ по висока цена

Исто така, и цените на пијалаците пораснаа. Класичното „шише од два литра“ газиран пијалак сега чини од 80 до 120 денари, додека пакет пиво од шест лименки достигнува и до 400 денари – што значи дека само за освежување, едно друштво може да потроши од 1.000 до 1.500 денари.

„Отидов само по неколку пива и сокови, и оставив 1.200 денари. Не сме земале ниту виски, ниту нешто посебно – само стандардно за излет. Не знам како живеат луѓе со минималец“, коментира Даниел Илиевски од Козле.


Алтернатива – домашна скара во двор или на балкон

Сè повеќе граѓани, поради растечките трошоци, се одлучуваат да останат дома или во дворот на роднини. Така, избегнуваат дополнителни трошоци како гориво, пластична амбалажа, храна „за по пат“, па дури и такси услуги.

„Свесни сме дека ќе потрошиме помалку ако останеме дома. Се договоривме со комшиите, секој носи по нешто – и така ни се намали трошокот, а сè уште си го одбележуваме празникот како што треба“, вели Татјана Арсовска од Куманово.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.